Меркел: Одржувањето на НАТО е од исклучително значење за Германија

Макфакс

27/11/2019

11:16

836

Големина на фонт

а а а

Одржувањето на НАТО-сојузот е од исклучително значење за Германија, рече канцеларката Ангела Меркел откако францускиот претседател Емануел Макрон рече дека НАТО доживува мозочна смрт.

„Одржувањето на НАТО денес е дури и повеќе во наш интерес отколку што беше за време на Студената војна – или барем исто толку важно колку што беше во Студената војна“, рече Меркел пред парламентот.

„Затоа што, како што рече министерот за надворешни работи, Европа во моментов не може да се брани сама“, рече таа.

Францускиот претседател Емануел Макрон ги разбранува јавноста и сојузниците кога на почетокот на месецот рече дека доживуваме мозочна смрт на НАТО и дека европските земји не можат повеќе да се потпираат на Америка да го брани сојузот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг