Албанската влада прогласи вонредна состојба во Драч и Тирана

Макфакс

27/11/2019

10:22

828

Големина на фонт

а а а

Албанската влада денеска прогласи вонредна состојба во областите на Драч и Тирана, реони кои се најпогодени од разорниот земјотрес што ја погоди земјата во вторникот, при што, според најновите податоци, загинаа 27 лица, повеќе од 40 се извлечени од урнатините, а над 650 се повредени.

Премиерот Еди Рама рече дека вонредната состојба е прогласена врз основа на Устав и закон и подразбира не само финансиски одлуки, туку и голем број други мерки.

Лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, вчера во повеќе наврати побара од владата да воведе вонредна состојба во земјата, по серијата земјотреси.

Одговарајќи на ова, Рама рече:

„Не знам дали оние кои се залагаа за тоа, се подготвени да се подложат на такви мерки. Тоа е причината поради која размислувавме, бидејќи вонредната состојба се совпаѓа со создавање на ново ниво на управување со ситуацијата во период од 30 дена “, рече Рама, а објави албанскиот портал АРТ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг