„Хјуман рајтс воч“ го осуди протерувањето на својот директор од Израел

Макфакс

26/11/2019

14:56

804

Големина на фонт

а а а

„Хјуман рајтс воч“ ја осуди одлуката на Израел за депортирање на Омар Шакир, директор на ХРВ за Израел и палестинските територии, поради неговиот активизам во име на бојкотот, дивестициите и санкциите (БДС), пренесува РТ.

Шакир, кој е американски државјанин, во понеделникот беше качен на лет од меѓународниот аеродром „Бен Гурион“, откако израелскиот Врховен суд ја потврди одлуката на владата да го протера од Тел Авив. Владата на Бенјамин Нетанјаху изјави дека Шакир е поголем застапник за БДС отколку директор на ХРВ, и дека тие имаат секое право да го протераат согласно амандманот од 2017 година на Правилата за влез и за престој.

Ова е прва депортација според правилото. Претходно годинава регулативата беше наведена како причина за неиздавање визи на американските законодавци Илхан Омар и Рашида Тлаиб. Иако Шакир не негира дека бил активист на БДС во минатото, тој вели дека неговото протерување е со цел да се загрози ноивното застапување за нелегални населби и за човековите права на Палестинците воопшто.

„Ова не е за БДС, ова е обид да се потисне мејнстрим застапувањето за човекови права“, изјави тој за Си-ен-ен пред протерувањето.

Извршниот директор на РВ, Кенет Рот, посочи дека ниту една функционална демократија досега не избркала истражувач на ХРВ, истакнувајќи дека Израел сега е во друштво со земјите како Северна Кореја, Венецуела и Иран.

„Не можам да замислам друга демократија да протера истражувач на ХРВ. Мислам дека тоа ја покажува сé поограничената природа на израелската демократија,“ рече Рот. .

Тој го поддржа тврдењето на Шакир дека протерувањето нема никаква врска со БДС, туку воопшто со застапувањето за човекови права. ХРВ нема намера да назначи замена за Шакир затоа што секој претставник на организацијата би се ангажирал во ист вид на застапување што довело до негова депортација.

„Шакир ќе продолжи да се бори против изразената дискриминација на Израел кон Палестинците под окупација“, твитна Рот.

Генералниот секретар на ОН ја осуди одлуката за протерување на Шакир, а неговиот портпарол Стефан Дујариќ изрази жалење поради израелската одлука и изрази поддршка за важната работа на бранителите на човековите права во светот што треба да ја поддржат сите земји.

ХРВ е приватна невладина организација со седиште во САД, основана во 1978 година од активистите Роберт Бернштајн и Арјех Ниер. Рот е извршен директор од 1993 година.

Движењето БДС се залага за притисок врз Израел да стави крај на окупацијата и колонизацијата на сите арапски земји, да ги признае Арапските Палестинците како рамноправни граѓани и да го почитува правото на враќање на сите палестински бегалци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг