„Мундо Депортиво“ го објави името на освојувачот на Златната топка

Дерби

26/11/2019

14:22

1.355

Големина на фонт

а а а

„Франс Фудбoл“ селектираше 30 каднидати кои се во конкуренција за освојување на престижното признание, Златна топка, но јасно кои двајца фудбалери се фаворити за неа.

Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил Ван Дијк, како и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси се во најтесна конкуренција и веројатно еден од овие двајца ќе ја понесе наградата во својот дом.

Шпанскиот медиум „Мундо Депортиво“ пренесува дека Златната топка ќе замине во рацете на Лионел Меси, иако и засега според обложувалниците главен фаворит е Вирџил Ван Дијк.

Едно е сигурно, Златната топка ќе има нов сопственик затоа што Лука Модриќ не беше номиниран оваа година.

Инаку, церемонијата за доделување на ова престижно индивидуално признание е закажана за 2. декември.



Спонзорирани линкови

Маркетинг