Алијанса за Албанците: Министерката за правда да сноси одговорност за смртта на затвореникот во Куманово

Макфакс

26/11/2019

12:41

1.155

Големина на фонт

а а а

Од Алијанса за Албанците побараа кривична и морална одговорност за смртта на 22-годишниот затвореник во Куманово.

Тие повикаа надлежните да испитаат зошто на момчето не му било укажана лекарска помош, како и казна за ваквиот случај кој, според нив, не треба да помине тивко и да се зборави.

„Бараме министерката за правда Дескоска да си поднесе оставка од морални причини, а заедно со неа и министрите Венко Филипче и Арбер Адеми кои според нас се одговорни за смртта на овој млад човек. Секој затвореник има право ако е болен да се лекува надвор од затворската ќелија, да му се укаже лекарска помош, да биде едуциран за своите права и да биде успешно ресоцијализиран. Ова е пример како се кршат правата на затворениците, поради што некои завршуваат и трагично. Иако кај нас државата нема предвидено смртна казна, затворениците се осудени да умрат во мизерните и нечовечки услови“, рече Фарук Авдиу, на прес-конференцијата од пред Министерството за правда.

Дваесет и двегодишниот кумановец, Љабинот Мисини, кој издржувал едногодишна затворска казна во затворот во кумановско Кшање беше пронајден мртов во неговата ќелија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг