По земјотресот се огласи премиерот Еди Рама: „Ова е драматичен момент, мора да го сочуваме сечиј живот“

Точка

26/11/2019

11:30

2.989

Големина на фонт

а а а

Тој додал дека сега е важно сите граѓани да останат прибрани и свесни за да можат да си помогнат едни на други.

По стравичните земјотреси во Албанија, а во кои загинаа најмалку девет луѓе и околу 300 се повредени, се огласил и албанскиот премиер Еди Рама.

„Силен земјотрес ја погоди нашата земја и за жал некои наши жители ги загубија животите. Работиме интензивно на тоа да го сочуваме сечиј живот, а особено во најпогодените подрачја во Драч и Тирана“ - рекол Рама.

Тој додал и дека многу е важно сега граѓаните да останат прибрани за да можат да си помогнат едни на други.

„Ова е драматичен момент во кој мора да останем смирени и да работиме едни за други. Ќе направиме се што е во наша моќ и со помош на нашите големи пријатели ќе ја средиме оваа ситуација“ - навел албанскиот премиер.

Претседателот Иљир Мета изјавил дека ситуацијата во нивната земја е “многу драматична“.


Мета на новинарите во местото Тумен, 36 километри северно од Тирана им изјавил дека се прават сите можни напори за да се извлече сечиј живот од рушевините.

Да ве потсетиме дека синоќа во Албанија имаше силен земјотрес од 6.4 степени по Рихтерова скала, но потресот се почувствува во целиот регион. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг