Шефот на грчката дипломатија Дендиас утре во Скопје

Макфакс

25/11/2019

19:08

887

Големина на фонт

а а а

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, утре ќе престојува во официјална посета на земјава, при што ќе оствари средба со неговиот домаќин шефот на дипломатијата Никола Димитров.

На средбата е предвидено да стане збор за билатералните односи, политичката и економска соработка, како и за европската перспектива на нашата земја и регионот. Предвидено е да се разгледаат и можностите за унапредување на политичкиот дијалог меѓу двете земји, преку имплементацијата на обврските од преспанскиот договор.

Во рамки на официјалната посета на земјава, грчкиот министер за надворешни работи ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.




Спонзорирани линкови

Маркетинг