Зидан со прв коментар за жестоките свирежи кои ги доби Бејл од „Бернабеу“

Дерби

24/11/2019

12:42

2.752

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид оствари одличен триумф над незгодниот Реал Сосиедад со 3:1, но наместо да се зборува за добрата игра на „кралевите“ во второто полувреме, по крајот на средбата топ тема беше Герет Бејл, од едноставна причина што Велшанецот доби пеколен пречек од гледалиштето на фудбалскиот храм во шпанската престолнина.

Причина за тоа беше контроверзниот и недоличен банер со кој Бејл го потцени својот клуб при прославата за пласман на Европското првенство, а иако и Зинедин Зидан побара од фановите на Реал Мадрид да не ја сфаќаат пресериозно оваа работа, синоќа на „Бернабеу“ бевме сведоци на едни жестоки свирежи.

Бејл беше силно исвиркан кога го замени Родриго, а потоа беше исвиркуван и при секој допир кој го имаше со топката. Ова сценарио секако е неповолно за фудбалерот, но Зизу смета дека тоа може лошо да се одрази и врз тимот. 

– Искрено, се надевам дека ова нема да се повторува цела сезона. Сакаме навивачите да бидат со нас од почетокот до крајот на натпреварот. Не можеме да го контролираме тоа, публиката има право да каже што мисли, да прави што сака. Јас барам да се аплаудира нашиот фудбалер, барам да бидам аплаудирани сите. Герет влезе одлично во мечот и имаше фантастични 20 минути. Не зборував со него за ова, немав време. Само му честитав по крајот на натпреварот. Не можам да кажам дали ова е праведно или не, секој може да протолкува како што сака. Јас знам дека публиката ни е потребна, сакаме да биде со нас, тоа е огромен плус секогаш, – порача Зизу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг