Во Бразил пропаднала улица и буквално проголтала автомобил

Точка

22/11/2019

20:28

1.851

Големина на фонт

а а а

Неверојатна снимка доаѓа од Бразил, каде завчера пропадна патот во малиот град Флорес да Куна, откако поминал камион и се отворила огромна дупка.

Снимките од безбедносната камера од најблиската куќа покажуваат дека еден автомобил ја заобиколува дупката, додека другиот пропаѓа во неа.

34-годишната Ванеса Каваноли, која управувала со автомобилот, го скршила носот, а нејзината 12-годишна ќерка Андрес Карнезел поминала без повреди.

„Возевме и во еден момент едноставно пропаднавме. Ја отворивме вратата и се обидовме да излеземе од автомобилот", изјавила Ванеса за бразилскиот портал „Г1“.

Еден случаен минувач ѝ помогнал на жената и на нејзината ќерка да излезат од дупката, а потоа биле пренесени во болница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг