Клоп: Добредојде Жозе!

Точка

22/11/2019

15:58

2.483

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп пред гостувањето кај Кристал Палас му посака добредојде на Жозе Мурињо кој неодамна беше назначен за тренер на Тотенхем.

На прес-конференцијата, новинарите побараа од Клоп коментар за смената на клупата на Тотенхем.

„Добредојде назад Жозе. Убаво е што се врати. Беше очаен, можеше да се види тоа од првиот момент кога остана без работа“, изјави Клоп и додаде:

„Како брзо се менуваат работите, пред пет месеци играш во финалето од Лигата на шампионите против Покетино, а тој сега е на одмор. Работеше фантастично во Тотенхем. Кога прв пат ја прочитав веста, не можев да поверувам. Се надевам дека ужива во одморот. Жозе е многу мотивиран и ќе биде интересно“, изјави Клоп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг