Ова е детето кое беше претепано во скопската игротека: „Оваа вештерка ми ги шеташе децата низ Аеродром секој ден!“

Точка

22/11/2019

21:52

32.572

Големина на фонт

а а а

Вчеравечер како бомба одекна веста дека во скопска игротека жена претепала 2-годишно дете, откако на социјалните мрежи се појави снимка од овој брутален чин.

Случајот бил пријавен од сопственикот на игротеката, откако жената била забележана на безбедносните камери како го тепа детето.

Потребни беа само неколку часа пред да се открие дека станува збор за нивната дадилка.

Дадилката Ж.П. е на возраст од 59 години, и речиси една година била ангажирана за чување на близначињата.


„Вака изгледа Дарио по ќотекот од дадилката! Оваа вештерка ја шеташе тројката низ Аеродром секој ден! Се моли секој кој имал прилика да ја види како ги тепа децава да остави контакт во порака. Вакво зло не смее да се повтори!“, напиша мајката на социјалната мрежа Фејсбук.

Мајката на дечињата за Сител изјавила дека е благодарна што снимката била јавно објавена. Во телефонски разговор открила дека детенцето е дома, а неговата состојба по траумите засега е стабилна.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, смета дека не смеат да се случуваат вакви работи бидејќи децата од мала возраст доколку се изложени на насилство, го губат својот потенцијал, но исто така се стекнуваат со одредено однесување кое понатаму ќе го практикуваат како надилно.

„Во законот постои опција физичко лице да добие лиценца за грижа, но често родителите одлучуваат лица блиски до нив да бидат негователи и не избираат лиценцирани воспитувачки и негователки во нивните домови. Ги поттикнувам родителите, има организации и компании кои вработуваат само лиценцирани негователки и токму затоа ниту во законот за детска заштита не гарантиравме дека физичко лице може да се стекне со лиценца и да работи професионално во оваа област“, вели Царовска.

Извор: Сител




Спонзорирани линкови

Маркетинг