Бизарен случај во скопска игротека: Безбедносните камери снимиле жена како брутално тепа 2-годишно дете

Точка

21/11/2019

19:10

7.029

Големина на фонт

а а а

Од „Дежа ву“, кафе барот во Капитол мол во Аеродром, објавија видео во кое се гледа како жена тепа и малтретира мало дете, кое веројатно нема повеќе од 2 години.

Во игротеката била со три деца, но веројатно тоа што во моментот немало други луѓе, ѝ дало слобода да го смири детето на начин на кој тоа веројатно го прави и кога е дома и никој не ја гледа.

Често слушаме вакви случки од светот, и иако велиме дека „има секакви луѓе“, не помислуваме дека можеби токму во нашето соседство се случува истото.

Видеото како жена тепа 2-годишно дете треба да биде огромна причина за одземање на родителското право врз него. Се разбира, доколку не станува збор за негователка на децата.

Оваа жена веројатно не е свесна колкава траума му нанесува на детето со тоа што го воспитува со брутални удари и тоа на јавно место.  

За среќа, безбедносните камери на овој локал биле функционални, па јавниот линч на жената можеби ќе ги поттикне социјалните служби да преземат мерки што поскоро, односно првично да го откријат нејзиниот идентитет.

Од Дежаву велат дека случајот го пријавиле во полиција заедно со 5-минутно видео на кое се гледа целиот случај.

Извор: Libertas.mk



Спонзорирани линкови

Маркетинг