Пендаровски од Белград: Иницијативата мал шенген не е алтернатива за ЕУ

Макфакс

22/11/2019

14:52

705

Големина на фонт

а а а

Освен независноста на Косово, Македонија и Србија немаат други отворени билатерални прашања, рече денес српскиот претседател Александар Вучиќ по пленарната средба на делегациите од двете држави. Имаат ист став за членството во ЕУ, за кое велат дека нема алтернатив, сметаат дека здружувањето во мал шенген е паметен избор и не е замена за членството во ЕУ.

Вучиќ рече дека разговарале искрено и отворено за сите клучни прашања и регионачни иницијативи.

„Односите меѓу двете држави се со повеќе доверба отколку пред две – три години. Трговската рамена во 2018 година изнесува 857,8 милиони и бележи зголемување за 7,6 %. Сакаме да напредуваме до една милијарда, тоа е психолошката граница да работиме заедно за поголем проток на стоки и луѓе“, рече Вучиќ.

Нагласи дека е среќен што во Македонија има 36.000 Срби кои подеднакво ги сакаат Србија и Македонија и најави дека е време реципрочно да се отворат културни центри во двете земји.

За мини шенгенот Вучиќ вели дека е паметен избор во време кога Европската унија не знае ниту што со себе ниту пак има визија што да направи со нашите земји.

„Кога ни Европа не знае каде оди, а ние сме на тој пат, кон Европа, да го направиме она што можеме сами. Горди сме на договорот, знаете колку сум јас тврдоглав, сметам дека ова е паметен избор. Будали против овој договор има секаде. На Рама му замеруваат дека помагал за голема Србија, овде замеруваат дека се помага за голема Албанија“, рече Вучиќ и нагласи дека во малиот шенген се залага да члленуваат сите шест земји кои треба да се насочат на подобрување на инфрасртуктурата, патиштата, железницата и економската размена.

Претседателот Пендаровски пак рече дека разговарале за средбите со Макрон кој ги уверувал дека мини шенгенот не е алтернатива на членството во ЕУ.

„Макрон не ни нуди четврта Југославија. Регионалната иницијатива мал шенген е комплементарна со иницијативата за ЕУ“, рече претседателот Пендаровски.

Објаснувајќи за новата методологија за членство во ЕУ, Пендаровски рече дека добил уверување дека најдоцна во март ќе биде усвоена, но повтори дека сепак не добил гаранции за отварање на пристапните преговори со Македонија.

Пендаровски на заедничката прес-конференција рече дека очекува во 2020 година Вучиќ да дојде во посета на Македонија за да може да возврати за гостопримствотото.

Официјалната посета Пендаровски ја продолжи со средба со премиерката Ана Брнабиќ, а за доцна попладне е планирана средба со претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж.



Спонзорирани линкови

Маркетинг