Пол Погба со порака до нашиот Јане: “Горд сум на тебе пријателе”

Точка

22/11/2019

15:25

1.767

Големина на фонт

а а а

По повод Светскиот ден на детето, 11-годишниот Јане Велковски учествуваше на глобалниот самит на УНИЦЕФ во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

Јане, кој боледува од спинална мускулна атрофија, во својот говор на самитот побара од светските лидери да ја спречат дискриминацијата на децата со попреченост, а пред да зборува во седиштето на ОН, се запозна и со легендарниот фудбалер Дејвид Бекам


Но, воодушевувањето од неговиот настап не го криела ниту ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.


Пол на Инстаграм објавил фотографија од Јане, под која напишал: “Горд сум на тебе пријателе”.

Погба се запозна со Јане за време на европскиот Суперкуп во Скопје кој се одржа пред две години. 11-годишното дете на покана на Погба беше специјален гостин на Манчестер Јунајтед.




Спонзорирани линкови

Маркетинг