Се огласи и агентот на Бејл по целата фама околу прославата на Велшанецот и критиките од Мадрид: Тоа е…

Дерби

22/11/2019

11:56

1.025

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот кој го чини Реал Мадрид вистинско богатство, Герет Бејл, го навлече гневот на навивачите на Реал Мадрид по неговата прослава на пласманот на Европското првенство со репрезентацијата на Велс.

Бејл вееше знаме на кое имаше проблематичен натпис во кој се велеше дека Реал Мадрид му е дури на третото место. Велс. Голф. Мадрид, пишуваше на знамето кое предизвика бура од реакции.

Велшанецот си доби и насловна страна на угледниот весник „Марка“ кој упати остри зборови кон фудбалерот кој не го почитувал својот клуб.

По неколку дена, со реакција сејави и агентот на Герет Бејл, Џонатан Барнет кој истакна дека сето ова се медиумски глупости и дека Бејл воопшто не е загрижен.

– Реакцијата околу тоа е смешна. Не сакаше да ги провоцира клубот и навивачите, тоа го направи поради медиумите. Воопшто не се грижиме, - изјави Барнет за „ЕСПН“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг