Поранешната обвинителка на СЈО, Катица Јанева, за прв пат е фотографирана во куќен притвор откако пред два дена замина од истражниот затвор во Шуто Оризари.
Обвинетата во случајот „Рекет“ е фотографирана од своите соседи, а фотографијата беше споделена на социјалните мрежи утрово.
Станува збор за фотографија во зграда на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје, спроти студенсткиот дом Кузман Јосифовски-Питу.
Тоа сега е новата адреса на поранешната специјална обвинителка.