Жената којашто претепа дете во игротека, а беше пријавена од сопственикот на кафулето „Дежаву“, е приведена од страна на полицијата.
На видео-снимката од безбедносните камери, којашто беше објавена на социјалните мрежи, се гледа како негователката брутално го влече кон себе, го седнува во скут и му ја затнува устата на двегодишното дете. Потоа му удира шлаканици и го седнува спроти неа. По неколку минути негователката физички го малтретира детето под тобоганот.
Од полицијата информираат дека денеска околу 15:57 сопственик на угостителски објект пријавил дека претпладнето околу 11 часот, при проверка на безбедносните камери на угостителскиот објект, забележал како женско лице во игротеката физички малтретира дете.
Утврдено е дека станува збор за 59-годишна негователка која била ангажирана од семејство од Скопје за да се грижи за нивните три деца.