Мурињо откри зошто стана тренер на Тотенхем, иако рече дека никогаш нема да го стори тоа

Точка

21/11/2019

17:08

2.945

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо беше речиси една година без работа откако во декември минатата година му беше врачен отказ како тренер на Манчестер Јунајтед.

Од вчера, Жозе Мурињо и официјално е тренер на Тотенхем, а оваа вест одекна во фудбалскиот свет. Португалецот веќе ја одржа и првата прес конференција како тренер на лондонскиот клуб, а новинарите не пропуштија да го потсетат дека во минатото рекол дека никогаш нема да биде тренер на Тотенхем.

„Пред четири години додека бевте во Челси ве прашаа дали некогаш би биле тренер на Тотенхем, а вие одговоривте дека тоа никогаш не би сте го направиле затоа што премногу ги сакате навивачите на Челси. Што се промени?“, го запраша новинарката Мурињо.

„Тоа беше пред да добијам отказ“, накратко се пошегува Жозе Мурињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг