Подем на балканскиот картел: Како најголемо богатство на крими клановите станале црногорските морнари

Точка

21/11/2019

18:20

3.326

Големина на фонт

а а а

Во текот на последните месеци Европската мрежа за истражувачко новинарство EIC, чиј партнер е "Nacional", спровела опширно истражување во врска со трговијата на кокаин во Европа и разговарала со многу полицајци, обвинители и членови на големи меѓународни полициски организации. Во разговорите кои биле водени, а во чиј тек многу од соговорниците инсистирале на анонимност, биле откриени шокантните размери кои тој организиран криминал ги поприма.

На Западен Балкан, каде жителите и натаму трпат тешки економски и социјални проблеми по насилниот распад на Југославија, постојат многу различни криминални кланови, пренесува црногорски Vijesti. 

Повеќето воени злосторници никогаш не биле процесуирани, економиите веќе со децении се соочуваат со голема невработеност, поранешните југословенски републики бележат масовно иселување на младото и образовано население во западна Европа.

Во истражувањето е наведено дека "јадранската држава Црна Гора" е појдовната точка за многу криминални кланови од балканскиот картел. Убиствата во уличната војна меѓу клановите сега од Котор се префрлени во западноевропските градови.

Пред десетина години еден од главните српски кланови го водел Црногорецот Дарко Шариќ, кој во 2018-та година белградскиот суд го осудил на 15 години затвор поради шверц на 5,7 тони кокаин. Тоа било голем удар за тој клан, кој денес го води неговиот близок соработник Горан Соковиќ, кој и натаму е на слобода. Словенечкиот државјанин со црногорска националност, Драган Тошиќ, кој е лидер на словенечката гранка на кланот на Шариќ, е осуден во 2019-та година во Љубљана на 15 години затвор.

Меѓутоа, како што наведува EIC, најголема логистичка сила на црногорските криминални банди се нејзините морнари.

Според проценките на црногорски Vijesti, 7.000 црногорски морнари работат за глобални поморски компании и годишно заработуваат 200 и 300 милиони евра. Во сиромашната земја со просечна нето плата од 515 евра месечно, просечната годишна плата меѓу 35.000 и 42.000 евра поморците ги прави богати граѓани. Но,како да одолеат на искушението од таквите или поголеми заработки во само еден ден, со помош на криминални банди кои тргуваат со кокаин? Би се рекло дека не можат.

Каде и да се случи голема заплена на кокаин во светот, во неа учествуваат црногорски морнари. Во најголемиот улов оваа година, 20 тони во Филаделфија, вреден околу 1,3 милијарди долари, уапсени се Иван Џурашевиќ, Бошко Марковиќ, Александар Каваја и Ненад Илиќ.

Една година подоцна во Амстердам на шест години затвор, поради користење на слични методи осуден бил Далибор Даловиќ, кога со помош на рибар од Холандија од товарен брод собрал 261 килограм кокаин. Сите споменати морнари се Црногорци.

На црната листа на САД

Учеството на црногорските морнари во трговијата со кокаин до таа мерка станало феномен што САД ги известила големите светски контејнерски бродски компании дека бродовите со екипаж од Црногорци не се добредојдени во САД.

Покрај тоа, глобалната бродска компанија MSC почнала да отпушта црногорски морнари од бродовите кои патуваат во Јужна Америка и почнала да вработува морнари од други земји.

Дури и Здружението на поморски капетани на Црна Гора јавно протестирало поради нарушувањето на угледот на сите црногорски поморци затоа што некои од не биле вклучени во криминални активности.

Покрај неколку споменати кланови, многу кланови од Западен Балкан делуваат во тајност и полицијата не ги забележува. Ако се земат во предвид големите пари од трговијата со кокаин во однос на слабите економски услови, големата невработеност и ниските плати во земјите од Западен Балкан, балканскиот картел не планира да застане, па во следните децении ќе расте и ќе зајакнува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг