Трамп го доби најсилниот удар досега: Сведочењето на овој човек би можело да го исфрли од Белата куќа

Точка

21/11/2019

14:01

1.465

Големина на фонт

а а а

Незаконски е во САД некој да побара помош од странство за да стекне изборна предност. Доколку се докаже дека Трамп го направил тоа, тогаш ќе биде отповикан од функцијата.

Високиот американски дипломат изјави во истрагата во врска со отповикувањето дека ги следел наредбите на претседателот Доналд Трамп да изврши притисок на Украина да го истражат неговиот демократски ривал Џо Бајден. Упатството пристигнало од личниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани. Ова го изјави амбасадорот Гордон Сондленд и овие зборови навистина би можеле да го срушат Трамп од власт.

Истрагата сега треба да утврди дали Трамп ги уценил Украинците со воена помош, во замена за „услугата“. Незаконски е во САД да се бара помош од странство за да се стекне некаква изборна предност. Бајден е еден од најдобрите кандидати на Демократската партија и би можел да му биде ривал на Трамп на претседателските избори идната година.

Сондленд, американски амбасадор во ЕУ, на последното сослушување во Претставничкиот дом на САД изјави дека Џулијани побарал јавно соопштување од лидерот на Украина, Зеленски дека најавува истрага за „корупциски прашања“. Џулијани ја споменал компанијата „Бурисма“ во која член на бордот на директори е синот на Џо Бајден, Хантер Бајден.

Доколку биде прогласен за виновен со мнозинство гласови во Парламентот, Доналд Трамп ќе се соочи со гласање во Сенатот. Но, две третини од членовите на таа комора под републиканска контрола треба да гласаат за Трамп да биде отстранет од функцијата.

Во воведното излагање, Сондленд изјави дека соработувал со Џулијани по наредба на Трамп, а амбасадорот рече дека иако Украина не е земја членка на ЕУ, неговата работа секако ја опфаќала и таа земја.

„Не сакавме да работиме со Џулијани. Едноставно кажано, игравме со картите кои ги имавме. Сите разбравме дека, доколку одбиеме да работиме со Џулијани, ќе загубиме важна шанса за цементирање на односите помеѓу САД и Украина. Значи, ги следевме наредбите на претседателот“, изјави Сондланд.

Сепак, Сондленд изјави дека никогаш не слушнал директно од Трамп дека воена помош Украина ќе добие само во замена на таквата истрага. Американскиот дипломат порача дека „одлучно се противи“ на укинувањето на воената помош на Украина и дека никогаш не му било кажано зошто воената помош е одземена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг