Угледната „Марка“ со жестока насловна страна „удри“ по Бејл: Без почит, погрешен…

Дерби

21/11/2019

11:27

1.387

Големина на фонт

а а а

Герет Бејл го навлече гневот на навивачите на Реал Мадрид по прославата на пласманот со репрезентацијата на Велс на Европското првенство.

Велшанецот славеше со знаме со кое, како што тврдат Шпанците го исмевал својот аткуелен клуб кој на него досега потрошил над 200 милиони евра.

Бејл мавташе со знамето на кое по ред беа напишани најприоритетните негови работи: Велс, голф, Реал Мадрид…

„Марка“ по овој испад на Бејл го објави на насловната страна и со големи букви напиша: - Без почит. Погрешен. Неблагодарен. По тој редослед, - нешто што наиде на одобрување кај фановите на „кралскиот клуб“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг