Даночен рај на Балканот: Се чека само зелено светло од Брисел

Точка

20/11/2019

18:15

5.601

Големина на фонт

а а а

Од Брисел се чека зелено светло за законот за Вуковар, според кој тој град би имал ексклузивен третман по даночните олеснувања.

Тие олеснувања освен хрватските ќе можат да ги користат и бизнисмени од Европа, пишува Jutarnji List. 

Во последните пет години Владата од државната во вуковарската сметка уплатила вкупно 356 милиони куни, во истиот период преку проекти на ЕУ на подрачјето на градот Вуковар биле инвестирани 461 милиони куни, а повеќето од тие пари биле вложени во развој на инфраструктурата, наведува порталот.

Иако бројот на вработени во приватните компании е зголемен за 20-тина проценти во последните пет години, повеќето соговорници на Jutarnji List велат дека за понатамошен економски развој на Вуковар од пресудна важност е доаѓањето на големи приватни инвеститори, а не потпирање на помошта од Загреб.

Во таа смила големи надежи се положуваат во носење на посебен закон за Вуковар, според кој тој град би имал ексклузивен третман не само во хрватски, туку и во европски размери. Идејата е претприемачите кои во Вуковар вработуваат најмалку десет работници, трајно да се ослободат од плаќање на данок на добивка и компаниите да имаат право на враќање не 50 проценти од уплатените придонеси за пензиско и здравствено осигурување.

За тие ексклузивни даночни олеснувања во Вуковар да бидат можни, хрватската влада би морала во Брисел да лобира на тој закон да не се применува правилото за потпори од мала вредност, според кои максималните потпори за претприемачите се лимитирани на вкупно 200.000 евра кумулативно во три години.

Поточно, Хрватска од Европската комисија би требало да добие зелено светло Вуковар да има повластен третман и да бидат дозволени потпори на претприемачите кои инаку се сметаат за недозволени и за нарушување на пазарното натпреварување.

Од ресорното Министерство за регионален развој и фондови на ЕУ неофијално Jutarnji List дознал дека со Комисијата се уште се разговара за тоа, дека "разбирање има", но дека конечната одлука и натаму е неизвесна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг