Ова е човекот кој го убил синот на поранешниот германски претседател: Го слушал неговото предавање во болница, па го избодел

Точка

20/11/2019

18:03

3.899

Големина на фонт

а а а

Фриц фон Вајцзекер, син на поранешниот германски претседател Рихард фон Вајцзекер, бил убиен на приватна клиника во Берлин.

Вајцзекер држел предавање за црниот дроб кога по 55 минути од публиката излегол маж и го избодел. 

Уште еден маж, инаку полицаец кој приватно учествувал на предавањето, добил исекотини по рацете и горниот дел на телото.

Засега не се знае што е мотив за нападот, но се претпоставува дека напаѓачот имал психички проблеми. Полицијата го претресла неговиот стан, но не било пронајдено ништо сомнително. Подоцна во текот на денот ќе биде однесен на психијатриска проценка, по што ќе се донесе одлука за притвор.

Веднаш по нападот присутните побрзале да му помогнат на Вајцзекер, но оживувањето било залудно. Убиецот бил задржан до доаѓањето на полицијата.

Колегите на докторот Вајцзекер биле во целосен шок, а многумина и плачеле.

Инаку, Вајцзекер од 2005-та година бил главен лекар на одделението за интерна медицина во приватната клиника "Шлоспарк", во која бил убиен.

Во таа болница редовно се одржуваат предавања наменети за лица кои немаат врска со медицината, а сакаат да дознаат нешто за заболените, дијагнозите и терапиите.

Неговиот татко, Рихард фон Вајцзекер, од 1981-ва до 1984-та година бил градоначалник на Берлин, а потоа од 1984-та до 1994-та и претседател на Германија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг