Голем ноќен израелски напад на Сирија: Разнесовме воени бази, против-воздушна одбрана, магацини...

Точка

20/11/2019

12:27

2.665

Големина на фонт

а а а

Израелската армија потврди дека во воздушните напади во текот на ноќта биле уништени бројни воени бази, магацини и ПВО одбрана на сириските и иранските сили.

Големи воздушни напади беа изведени во текот на ноќта во Сирија. Според информациите кои ги потврдија и самите израелски воздушни сили, станува збор за еден од најголемите воздушни напади од почетокот на војната во Сирија и дефинитивно најголем во последните неколку месеци.

Кога израелската армија ги изведува воздушните напади во Сирија обично тоа ниту го потврдува, ниту пак го демантира, но сепак постојат исклучоци, а последниот напад утринава на Сирија е еден од нив.

Имено, израелската армија утринава потврди дека се изведени низа на воздушни напади на иранските и сириските воени позиции на територијата на Сирија. Во соопштението на „ИДФ“, потврдено е дека се нападнати бројни локации во Сирија, а повод за ваквите жестоки напади е – одмазда.

„Ова е одговор на ракетите кои беа лансирани кон Израел од територијата на Сирија од страна на иранските сили. Воените авиони на израелското воено воздухопловство погодија десетина воени цели на кои се наоѓаа припадниците на иранските „Кудс“ сили и припадниците на сириската војска. Меѓу другото, нападнавме и уништивме воени бази и командни центри, против-воздушна одбрана и магацини со оружје“, стои во соопштението на израелската армија.

Доколку овие тврдења се точни, станува збор за напад од прилично голема магнитуда, далеку поголем од вообичаените воздушни напади кои израелската армија ги изведува веќе неколку години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг