Апелација на нозе: Ќе ја пријави Русковска за заканувачка порака

Нетпрес

20/11/2019

10:55

3.293

Големина на фонт

а а а

Апелациониот суд Скопје вчеравечер по пуштањето на поранешната шефица на СЈО Катица Јанева во домашен притвор, се кренал на нозе откако обвинителката Вилма Русковска му испратила смс порака на еден од тројцата судии кои донесоа одлука да ја пуштат Катица, дека ќе отвори финансиска истрага, јавува СДК.МК.

Се дознава дека за утринава рано веќе бил закажан колегиум за содржината на пријавата до МВР против Русковска кон тројцата апелациони судии кои ја донеле одлуката за Јанева. Од Апелациониот суд велат: „Само нека повели, вратите ѝ се отворени“.

Русковска синоќа јавно соопшти дека ќе отвори финансиска истрага против тројцата судии.

Инаку, Катица Јанева вчера беше спроведена од затворот во куќен притвор во станот на син и во Центар, а го криеше лицето со качулка.

Откако синоќа обвинителката Вилма Русковска се закани дека ќе отвори финансиска истрага против судиите кои одлучија екс шефицата на СЈО, Kатица Jанева, да замине во домашен притвор, од Апелациониот суд велат дека утрово ќе оддржат колегиум, по што ќе имаат официјално соопштение за јавноста.

- Утрово ќе оддржиме колегиум, по што набрзо ќе има соопштение за јавноста, рече судијката Лидија Димчевска, во телефонски разговор за „Фокус“.

Апелационите судии синоќа не сакаа официјално да ја коментираат изјавата на Русковска, но во неформален разговор посочуваа дека се шокирани.

- Преиначено е првостепеното решение и одредена е мерка куќен притвор, заедно со мерки за претпазливост, изјавија вчера од Апелацискиот суд. Лекарската документација, според судиите од Апелација, укажувала дека и со мерката куќен притвор може да се обезбеди присуството на Јанева.

Во случајот „Рекет“ покрај Јанева, обвинети се Бојан Јовановски и Зоран Милевски – Кичеец. Јанева беше уапсена на 21 август по што судот и одреди мерка притвор. Покрај Јанева, во домашен притвор претходно беше пуштен и Кичеец, а во притвор останува Боран Јовановски за кого неговите адвокати вчера побараа да биде хоспитализиран поради здравствени проблеми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг