5-годишник донел кокаин во градинка: „Од ова се чувствувам како Спајдермен“

Точка

19/11/2019

20:05

3.669

Големина на фонт

а а а

5-годишно момче во една градинка во Манчестер донело вреќичка кокаин, пренесува „NBC News“.

Воспитувачката во градинката се шокирала кога ѝ рекол дека става прав во устата и дека после тоа „се чувствува како Спајдермен“. На вреќичката во која бил пронајден кокаинот имало фотографии од Спајдермен.

Таа веднаш ги известила надлежните во градинката, а потоа повикале полиција.


Иако вреќичката не била отворена, полицијата превентивно го однела момчето во болница. Откриле дека не веруваат дека момчето го консумирало прашакот.

После тоа отишле во домот на неговите родители, каде го начекале неговиот татко и го уапсиле. Во домот пронашле 38 вреќички кокаин и 70 вреќички хероин.

Полицаецот Џим Алберт открил дека таткото веќе го барале поради обвиненија поврзани со наркотиците.

Во домот имало уште едно бебе, а двете деца моментално се под заштита на социјалните служби.



Спонзорирани линкови

Маркетинг