Син на влијателен тајкун го убил водачот на „Алкатраз“?: Се обидел да го сокрие идентитетот, но овој детаљ го издал

Точка

19/11/2019

19:55

12.219

Големина на фонт

а а а

Синот на моќниот тајкун кој е многу близок со навивачките кругови е еден од осомничените за ликвидација на водачот на навивачката група “Алкатраз“ од Партизан - Љубомир Марковиќ Кича (39).

Како што се дознава од изворите блиски до истрагата, полицијата е на добар пат да го идентификува човекот кој на 1-ви ноември вечерта го изврши убиството.

„Главниот осомничен е млада личност, син на еден богат и влијателен тајкун. Тоа младо момче е одамна во криминалните води, близок е до една навивачка група и неговиот татко веќе има проблеми со него затоа што влегол во лошо друштво“ - вели изворот.


Тој се обидел да го прикрие својот идентитет со јакната и капата. Сепак направено е антрополошко вештачење затоа што личноста од снимката оди на специфичен начин.

На истрагата ѝ помогнала и реакцијата на покојниот Марковиќ. Тој бил наоружан, но не се ни обидел да даде отпор туку почнал веднаш да бега за да бара спас.

„Тој го препознал убиецот, а тоа практично значи и дека таа личност е од навивачко милје. Сепак ова не е крај на истрагата затоа што потребно е да се соберат доволен број на докази“ - вели соговорникот.


Полицијата со денови по убиството го пребарувала паркот низ кој побегнал убиецот, но не е познато што било пронајдено тогаш. Се претпоставува дека на другата страна од паркот го чекало возило и негови соучесници.

„Нападот бил добро организиран и добро подготвен, а напаѓачот бил исклучително одлучен. Тој влегол меѓу луѓето кои биле со покојниот Кича и не внимавал на нив. Единствено што го интересирало бил Марковиќ. Точно знаел кои се луѓето со кои Кича игра фудбал и дека тие луѓе не се од криминално милје и дека не му претставуваат никаква опасност“ - вели изворот близок до полицијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг