Што доколку операцијата трае со часови, а хирургот мора да оди во тоалет? - еден доктор поради таква ситуација си наштетил самиот себе

Точка

19/11/2019

17:41

4.271

Големина на фонт

а а а

„Бев на дежурство повеќе од 24 часа...“ Едно од прашањата кое себеси никогаш не си го поставуваме е кога хирурзите мократ кога се на повеќечасовна хируршка операција?

Еден доктор на форумот “Quora“ го споделил своето искуство.

„Пред многу години бев на дежурство повеќе од 24 часа. Имав итна операција, а ми донесоа повеќе пациентки. Беше тоа итна операција, секоја од пациентките беше во животна опасност. За среќа, сите операции поминаа како што треба, но јас буквално трчав од една до друга пациентка, а помеѓу само ги миев моите раце“ - напишал докторот.


Поради тоа не пошол во тоалет туку трпел, но не можел до крај.

„Кога стигнав до четвртата операција, мочниот меур ми беше целосно полн, но не можев да одам во тоалет затоа што тоа за пациентот би можело да заврши многу лошо. На крајот од таа операција повеќе не можев да трпам па ја замолив сестрата да ми помогне, но се докажа дека не можам да сметам на неа“ - се наведува понатаму во исповедта.

Додал дека на крајот тој го извлекол подебелиот крај од приказната.


„Два дена подоцна дијагностцирана ми беше инфекција на бубрегот. Имав висока температура и чувствував само болка. Денес во врска на тоа гледам малку поразлично. Додека пациентот е во стабилна состојба, можете да ја покриете раната, да им кажете на сите каква е ситуацијата и да одите во тоалет. Барем толку заслужувате. Вршењето на физиолошк потреба би ви одзело само неколку минутки и веројатно не би предизвикало никаква штета кај пациентот“ - заклучил докторот. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг