Новинар предвидува две сценарија на војна меѓу САД и Русија: Едното веќе трае, а еве кој имал неколку мајсторски потези

Точка

19/11/2019

21:11

2.998

Големина на фонт

а а а

Полскиот весник "Мисл Полска" опишал две сценарија на можен вооружен судир меѓу САД и Русија.

Првото подразбира дека американската војска ќе изведе силен напад користејќи ги сите расположливи средства, вклучувајќи и нуклеарно оружје. Авторот на текстот, Антониј Коњушевски смета дека овој концепт носи приличен ризик, со оглед на тоа дека Кремљ може да ја задржи можноста да изведе подеднакво деструктивен контранапад. 

Второто сценарио вклучува неколку чекори. Главната задача е да се стави Русија во економска изолација. Овој концепт е осмислен така што ќе доведе до смена на политичкото раководство на земјата. Токму овој концепт се применува последните неколку години, смета авторот.

Коњушевски смета дека веројатноста за избивање на воени дејствија е сосема реална, бидејќи на Вашингтон итно би можела да му биде потребна релативно голема војна.

Притоа Русија се гледа како најверојатен противник, а САД би требало да се обидат да ја покорат земјата заедно со нејзиниот геополитички простор.

Весникот нагласува дека Русија во многу тешки околности успеала да направи неколку мајсторски шаховски потези - да постигне успех во Сирија, да воспостави однос со Турција и Израел, додека Вашингтон претрпел понижувачки порази на Блискиот исток.




Спонзорирани линкови

Маркетинг