Просечната плата поголема за 4,4 отсто

Нетпрес

19/11/2019

14:26

1.023

Големина на фонт

а а а

Просечната нето-плата во септември годинава изнесува 25.435 денари и бележи раст од 4,4 проценти во однос на истиот месец лани. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите транспорт и складирање, објави Државниот завод за статистика.

Во секторите транспорт и складирање платите по вработен се сголемиле за 8,8 проценти, во административните и помошни услужни дејности за 7,9 проценти и во дејности на здравствена и на социјална заштита за 7,3 проценти.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување (5 проценти), образование (3 проценти) и преработувачка индустрија (1,9 проценти).



Спонзорирани линкови

Маркетинг