Спортинг во јануари го продава Бруно Фернандеш, Солскјер ја поправа грешката?

Дерби

19/11/2019

11:29

1.282

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед долго време се поврзуваше со ангажман на Бруно Фернандеш од редовите на Спортинг Лисабон.

На крајот, „ѓаволите“ се откажаа од намерата да го купат играчот затоа што според скаут службата на клубот, тој премногу лесно ги губел топките на средината на теренот.

Сепак, португалскиот репрезентативец го покажа спротивното, па и оваа сезона е предводник на тимот на Спортинг Лисабон.

Сепак, Португалците се соочуваат со големи финансиски проблеми и мора да подмират долг кој е во висина од 57 милиони фунти, па со продажбата на Бруно Фернандеш во јануари, се надеваат дека ќе ги израмнат сметките и ќе може да функционираат нормално.



Спонзорирани линкови

Маркетинг