Истече времето на Покетино: Тотенхем има три кандидати за негов наследник, Мурињо не е еден од нив…

Дерби

19/11/2019

11:25

1.290

Големина на фонт

а а а

Раководството на Тотенхем полека но сигурно ја губи довербата во стратегот на клубот, Маурисио Покетино кој има катастрофален старт на сезоната.

Тотенхем во моментов е на 14 позиција на табелата во Премиер лигата, цели 20 бода зад лидерот Ливерпул, а овој викенд имаат тешко гостување кај тимот на Вест Хем.

Овој натпревар нема да биде од круцијално значење за иднината на Покетино, но негативен резултат сигурно уште повеќе ќе ја раздрма позицијата на Аргентинецот.

„Дејли Мејл“ пишува дека раководството на клубот веќе одржало приватни средби на кои се разговарало за стратегијата по која ќе му врачат отказ на Маурисио Покетино. Доколку се решат да му врачат отказ ќе мора да муи платат обесштетување од цели 13 милиони фунти.

Инаку истиот медим ги посочи тројцата главни кандидати за наследник на Покетино на „Вајт Харт Лејн“. Прва желба на раководството е Еди Хау од Борнмут, а во опција се и Јулијан Нагелсман од Ред Бул Лајпциг и Карло Анчелоти од Наполи.

И тројцата во моментов водат клубови, па така ќе биде екстремно тешко Тотенхем да убеди некој од нив да дојде на полусезона во нивниот клуб.



Спонзорирани линкови

Маркетинг