Кавани излезе со прв коментар за жестоката вербална пресметка која ја имаше со Меси

Дерби

19/11/2019

11:21

1.225

Големина на фонт

а а а

Единсон Кавани и Лионел Меси имаа што да си кажат еден на друг за време на јужноамериканското „Класико“ меѓу Уругвај и Аргентина, кое на крајот донесе еден мирољубив резултат, но понуди доста тензични моменти на теренот.

Острите стартови придонесоа да видиме една жестока вербална пресметка меѓу Кавани и Меси, во која Уругваецот го предизвика Аргентинецот на тепачка, по што овој му возврати максимално одлучно со позитивен одговор. Останатите соиграчи спречија двајцата да дојдат и до физички контакт обидувајќи се да ги смират страстите, но во ситуација кога одредени медиуми пренесоа дека вербалната „војна“ ја продолжиле и во тунелот, Кавани излезе со прва изјава по крајот на мечот кој заврши 2:2.

– Ова е фудбалот, ова е „Класико“. Вакви работи се случуваат на теренот. Ова беше тензичен меч на моменти, имаше доста стартови од двете страни. На крајот, ова се работи кои се поврзани со фудбалот, а особено кога играат два тима од Јужна Америка. Ова се фудбалски работи и остануваа тука, – порача Кавани кој не сакаше да навлага во детали за инцидентот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг