И во новиот клуб не се снајде најдобро: Рома го враќа Калиниќ уште во јануари?

Дерби

18/11/2019

10:20

963

Големина на фонт

а а а

Кариерата на Никола Калиниќ по неговиот трансфер од Фиорентина во Милан доживеа слободен пад,па сега Хрватот не се задржува многу во клубовите за кои потпишува.

По Милан се пресели во Атлетико Мадрид од каде ова лето пристигна во Рома на едногодишна позајмица.

Искусниот напаѓач одигра пет натпревари за Рома, запишувајќи само 182 минути на теренот пред да доживее повреда која го исфрли од тимот за подолг период.

Иако се очекува да се врати на терените во декември, од Рома не планираат да ја продолжат соработката со Калиниќ и веројатно ќе го вратат играчот во Атлетико Мадрид уште во јануарскиот преоден рок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг