Сакате да имате двојник? Рускиот робот е вистинската работа за вас

Точка

17/11/2019

17:00

2.637

Големина на фонт

а а а

Изработката на хуманоидни андроиди е една од гранките на роботиката која најмногу ги интересира, воодушевува, но и ги плаши луѓето. Руската компанија Промобот произвела робот, со име "Robo-C", наменет за деловниот пазар, кој е во состојба да ги замени луѓето во вршењето на бројни задачи.

Ако купецот тоа го сака, роботот може да изгледа исто како него. Тоа значи дека произведувачот ќе го скенира и на основа на скенот ќе направи андроид, за кој тврдат дека е "комплетна антропоморфна машина", која ги копира човечките изрази на лицето, може да ги движи очите, веѓите, усните и другите мускули на лицето. 

Овој робот, сепак, нема да може наместо "својот човек" да оди до продавница или да ги однесе неговите деца во градинка, со оглед на тоа што станува збор само за роботско торзо. Меѓутоа, ќе може да врши работи на шалтер, инфо-пулт или слично работно место, каде ќе им дава корисни информации на клиентите. А тоа што роботот ќе може да ги има лицето на својот сопственик, звучи посебно интересно.

Роботот исто така е истрениран и да врши операции на плаќање.

Покрај сето тоа, компанијата "Промобот" истакнува дека нивниот андроид на својот сопственик може да му обезбеди бесмртност.

Тоа, сепак, звучи помалку бизарно, бидејќи е малку веројатно дека семејството на некој покојник би уживала во разговорите со неговиот роботски двојник.

Сепак, повеќето, веројатно ќе се согласат дека Робо-Ц изгледа прилично страшно. Иако, можеби тоа ќе биде усовршено во некоја наредна понапредна верзија.

Цената на роботот не е позната, а секој заинтересиран може да се информира кај произведувачот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг