Трансферот во Англија му беше грешка, неговиот татко сака офанзивецот да потпише со Рома

Дерби

16/11/2019

13:49

1.452

Големина на фонт

а а а

Младиот италијански напаѓач, Моизе Кен ова лето од Јувентус се пресели на „Гудисон Парк“ во трансфер вреден 27 милиони фунти.

19 годишниот фудбалер се очекуваше да биде решение за нападот на тимот на Марко Силва, но воопшто не се снајде на „Гудисон Парк“ и сега се споменува негово можно враќање во Италија.

И таткото на Моизе Кен во интервју за „Сентро Суоно Спорт“ истакна дека праќањето во Англија било голема грешка.

– Тоа што го пративме син ми во Англија беше грешка затоа што тој е се уште млад. Тој не се чувствува добро во Евертон, не ми се допаѓа овој трансфер. Се надевам ќе се врати во Италија што е можно поскоро. Се надевам ќе оди во Рома, но пред се најважно е тој да се врати овде, - изјави Кен Сениор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг