Се јави и Герет Саутгејт по свирежите за Гомез: Разочаран сум, сите во репрезентацијата…

Дерби

15/11/2019

13:13

2.286

Големина на фонт

а а а

Селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт не го криеше разочарувањето по вчерашниот натпревар со Црна Гора и убедливата победа од 7:0.

„Гордиот Албион“ прикажа уште едно феноменално издание и стигна до бројката од 33 погодоци во квалификациите за Европското првенство, меѓутоа и покрај тоа сите во англискиот табор се разочарани по една немила случка.

Имено, Џо Гомез беше исвиркан од публиката на „Вембли“ кога влезе во игра, а тоа е така поради инцидентот кој го имаше со Рахим Стерлинг.

Најпрво на социјалните мрежи се јави Рахим Стерлинг со свој коментар, а потоа коментар даде и селекторот, Герет Саутгејт.

– Прво и најважно, целата соблекувална е разочарана со тоа затоа што тие се едно. Играчите се обединети. Ниту еден англиски фудбалер не смее да биде исвиркан од публиката. Не го сфаќам тоа. Сите играчи се разочарани со тоа, а јас исто така сум многу разочаран за него затоа што тој ја има поддршката од соблекувалната, - изјави Саутгејт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг