Има и такви кои застанаа во одбрана на Ковач: Тој не беше на теренот, вината е и во нас…

Дерби

15/11/2019

11:16

1.003

Големина на фонт

а а а

Нико Ковач неодамна доби отказ од тренерската позиција во Баерн Минхен, а на ваквиот чекор управата на клубот се одлучила по консултација со фудбалерите.

Имено, „Билд“ наброи повеќе имиња кои биле против Нико Ковач и кои сакале хрватскиот стратег да заработи отказ, нешто што и се случи.

Сепак, како што стојат работите, не сите играчи биле против Нико Ковач. Еден од нив, кој јавно излезе со поддршка за Хрватот е и Бенжамин Павар кој посочи дека вина имаат и играчите.

– Имавме добар однос со тренерот. Видете, тој не играше на теренот. Ние играчите мора да сносиме дел од одговорноста, но кога постигнувате лоши резултати, секогаш тренерот е тој кој мора да си оди, - изјави Павар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг