Сите фризури со шишки што ќе ги носиме оваа есен

Fashionel.mk

14/11/2019

21:22

4.926

Големина на фонт

а а а

Наскоро доаѓа зима, едно од најубавите годишни времиња и совршен момент да си направиме нова и свежа фризура, а секако со неа и шишки.

Веројатно на секоја дама и е тешко да се одлучи на овој чекор, но ако сакате промени и секако, ако се консултиравте со вашиот фризер дека промената добро ќе ви стои, тогаш не чекајте.

Зимата е совршено време за шишки, бидејќи времето е студено, а тие ќе ве заштитат, а притоа ќе изгледате шик бидејќи повторно се враќаат во мода.


Она што треба да го пронајдете е идеалниот тип на шишки за обликот на вашата глава, а треба и да се подготвите за нивно одржување.

Со истите, бидете сигурни дека секогаш ќе имате фризура и нема да треба да се трудите премногу доколку сакате да блеснете на некој настан. Без разлика дали сакате косата да ја носите во репче или пак пуштена, шишките се секогаш супер избор ако ви прилегаат.

Во продолжение погледнете некои од најстилските фризури со шишки и како ги носат девојките оваа сезона.




Спонзорирани линкови

Маркетинг