Сведоштва од страшното пукање на рускиот колеџ! Монструмот ладнокрвно влегол во училницата и почнал да пука кон колегите: "Еј, дали си бесмртен? Ајде да провериме!"

Точка

14/11/2019

19:32

2.836

Големина на фонт

а а а

Студентот Данил Засорин отворил оган на колеџ во Русија и убил еден, а ранил тројца колеги. Тој во масакрот тргнал со сачмарка, а сведоците на овој страшен настан се потсетуваат како изгледал крвавиот пир на напаѓачот.

Изгледало дека тоа е ден како и секој друг, а потоа се претворил во вистински кошмар за студентите по гредежништво на колеџот во градот Благовешченск. 

Нивниот колега од класот, за кој велат дека бил малтретиран во училиште, се претворил во ладнокрвен убиец, пренесува RT.

Некои од медиумите пренесуваат дека Даниел доцнел на настава па затоа бил исфрлен, а други истакнуваат дека недолично се однесувал на предавањата, па поради тоа бил исфрлен од настава.

Тој се вратил со оружје и го започнал масакрот. Тешко е да се каже што се криело зад оваа одлука - дали тргнал во масакрот поради постојаното малтретирање или поради нешто друго.

Некои студенти истакнале дека сакал да им се одмазди на колегите поради наводното силување на неговата девојка, пренесува Mash.

"Внесол оружје во зградата покрај чуварот, влегол во тоалетот и таму ставил муниција", рекол еден студент за руските медиуми.

Во тој момент во тоалетот влегол друг студент кој го видел. Напаѓачот му рекол да скокне низ прозорот ако сака да живее. Студентот го преживеал падот, но притоа ги скршил двете раце.

Другите сведоци рекле дека напаѓачот бил ладнокрвен кога влегол во училницата. На професорката и дозволил да побегне, а таа ја искористила можноста и повикала полиција од продавницата во близина.

"Влезе тивко. Свиреше музика од Нирвана. Тој го направи тоа додека свиреше музиката" рекол друг сведок .

Повеќето студенти се сокриле под масите, а некои стоеле. Еден студент му влегол во очи на напаѓачот.

"Еј, дали си бесмртен", прашал напаѓачот, а потоа пукал во студентот со зборовите: "Ајде да провериме".

Потоа почнал да пука во училницата во сите кои му биле на видно поле. Завладеала паника, студентите се обиделе да побегнат и да дојдат до најблиското полициско возило.

Полицијата побрзала кон зградата и наишла на напаѓачот. Велат дека одбил да се предаде и дека тогаш извршил самоубиство.

Цел град е во шок поради овој настан, а властите рекле дека ќе се погрижат за семејствата на убиениот студент и за повредените. Посебно внимание ќе биде посветено на зголемување на безбедноста на универзитетите и во училиштата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг