Куршумот одел директно во срцето, но на патот му се испречила мала Библија: Боливискиот полицаец чудесно спасен на протестите

Точка

14/11/2019

17:55

2.117

Големина на фонт

а а а

Библијата му го спасила животот на боливискиот полицаец кого демонстрантите го застрелале во гради.

Полицаецот рекол дека се случил чудесен инцидент кога во градот Јапакани бил испукан куршум. 

Оскар Гутиерез, шеф на Специјалната единица за борба против злосторства во Санта Круз, тврди дека куршумот испукан кон полицаецот дошол од оружје украдено од полицијата.

Имало насилства меѓу приврзаниците верни на поранешниот претседател Ево Моралес и полицијата во главниот град на Боливија, Ла Паз, и во другите градови ширум земјата, каде можел да се види солзавецот кој го користеле режимските сили, но и ракетите фрлени на полицајците.

Судирите избиле само неколку часа откако привремената претседателка Жанин Анес и нејзиниот нов кабинет во средата положиле заклетва.

На околу 450 километри подалеку, во општината Јапакани, во источниот боливиски регион Санта Круз, полицијата соопштила дека се обидува да воспостави ред во текот на протестите.

Полицајците се обидувале да ја решат блокадата на патот кој го окупирале демонстрантите, кои наводно се приврзаници на Моралес - поранешниот претседател кој војската го протерала минатата недела.

Гутиерез рекол дека полицаецот бил погоден во левиот дел од градите и дека "имал Библија која го сопрела проектилот".

"Тој е млад полицаец чиј живот бил чудесно спасен, го погодил куршум, претпоставувам калибар 9 мм, а знам дека користеното оружје е украдено од боливиската полиција", додал тој.

Се вели дека демонстрантите пукале од огнено оружје и користеле солзавец украден од полицијата пред неколку дена, кога за прв пат избиле протести.

Откако куршумот го погодил, полицаецот бил пратен во градот Санта Круз, за да биде подложен на медицински прегледи, но ќе се врати на работа бидејќи не бил повреден во инцидентот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг