Рускиот воз на смртта сега е уште поопасен: Инсталирана му е ракета која дофрла до Америка

Точка

14/11/2019

14:18

5.482

Големина на фонт

а а а

Рускиот академик и генерален конструктор на Московскиот институт за термотехника, Јуриј Соломонов, изјавил дека во Русија е направен унифициран ракетен комплекс "Јарс" за различни типови базирања, вклучувајќи и железничко.

"Го направивме ракетниот комплекс "Топољ-М", сега "Јарс" за различни типови на базирања: и за стационарно и за подвижно и за железничко - секаде со по една ракета", изјавил Соломонов во интервјуто за "Национална одбрана". 

Соломонов е творец на балистичките ракети "Топољ-М", "Јарс" и "Булава".

Проектот за изградба на железничкиот носач на балистички ракети, комплексот "Баргузин" и натаму е замрзнат. Во краен случај, нема официјални информации дека продолжила работата на него.

Советскиот борбен железнички ракетен комплекс со ракетата "Молодец" престанал да се користи во 2005-та година спред договорот "Start-2". Наредниот договор "START-3" не забранува правење на нови ракетни комплекси од тој тип.

Како што се претпоставувало, борбениот воз на новата генерација "Баргузин" треба да се заврши во 2018-та година, но во 2017-та година "Росискаја газета" објавила, повикувајќи се на извор во воената индустрија, дека работата на него е сопрена.

"Багузин" претставува воз кој од надвор не се разликува од обичен товар воз, но во вагоните има три интерконтинентални балистички ракети со 30 боеви глави, секоја по 550 килотони. Во него има и команден центар, технолошки, технички и комуникациски системи.

Во случај на закана од нуклеарна војна, оклопниот воз излегува на патролирање и се вклопува со другите железнички возови. По наредба за борбена примена, возот сопира и спречува да почне нападот. Крововите на три вагони се отвораат и сокриените механизми од контејнерите за ракети се креваат во вертикална положба. За неколку минути се изведува лансирањето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг