Го допрела ова суштество на плажата, а рацете и нозете веднаш почнале да ѝ се вкочануваат

Точка

14/11/2019

11:35

3.144

Големина на фонт

а а а

Оваа девојка ја објавила фотографија на Фејсбук, а на неа се наоѓа бизарно суштество кое предизвикало сериозни проблеми по неговиот допир.

Ракел Вилијамс на плажата видела некакво суштество кое изгледало како “мозок“, го допрела за да види што е и набрзо нејзината рака и нога почнале да се вкочануваат.

Ракел фотографијата од чудното суштество ја објавила на Фејсбук страницата “Field Naturalists of Tasmania“.

„Може ли некој да ми каже што е ова? Мојата мајка и јас постојано ги гледаме на плажа. Кога го допрев, одредени делови од моето тело почнаа да се вкочануваат. Какво е ова морско суштетво?“ - напишала девојката покрај фотографијата.

„Изгледа како мозок. Можеби на некој му недостасува“ - еден од коментарите.

„Не, не е мозок, најдовме повеќе такви. Тоа е некој вид на морско суштество“ - одговорила Ракел.

Зоологот Сајмон Грув одговорил дека тоа е асцидија.

Помошта на Ракел за препознавање на ова суштество го натерала и Рос Барнет да ја раскаже својата приказна.

„Го допрев ова суштество на Бруни (остров кај Тасманија) пред неколку години и завршив со сериозни последици, отечени усни и надразнати очи. Научив лекција. Не изгледаше како ова на фотографијата тоа беше поиздолжено“ - напишал Рос.




Спонзорирани линкови

Маркетинг