Кокшаров: Aко треба ќе играме и со голмани на бековската позиција, само да победуваме

Дерби

14/11/2019

09:44

816

Големина на фонт

а а а

Вардар иако се соочува со доста проблеми со повреди забележа победа над Мотор Запорожје во СЕХА лигата од 44-37 со што сега „црвено-црните“ се лидери во групата со три бода повеќе од украинскиот првак на три кола до крај на регуларниот дел од сезоната.

Токму по оваа средба во СЦ „Јане Сандански“ интересна изјава даде тренерот Едуард Кокшаров за повредите, проблемите и следните предизвици притоа порачувајќи дека ќе се направи се за да се дојде до позитивен резултат.

– И пред средбата кажав дека имаме планови и сакавме малку да одмориме некои од играчите. Ама противникот покажа добра игра и 40 минути моравме да ги држиме главните играчи на терен. Од бековската линија ни остана само Скубе. Моравме одново со крилни играчи да играме на бековските позиции. Сепак ситуацијата е таква како што е и сега фокусот е на Кјелце. Не знаеме што ќе се случува на реваншот, Кристопанс можеби ќе биде спремен, ама неизвесен е Дисингер. Ама ние нема да запреме без разлика на составот и ако треба ќе играме и со голмани на бековската позиција, важно е да победуваме, - изјави Кокшаров.



Спонзорирани линкови

Маркетинг