Даниела е поранешна стриптизерка која НБА ѕвездата ја “врти околу малиот прст“: Тој претходно ѝ нудел милион долари за да направи една морничава работа

Точка

13/11/2019

21:17

10.843

Големина на фонт

а а а

Американскит кошаркар Пол Џорџ по повредите подготвен е првпат да настапи за својот нов тим, Лос Анџелес Клиперс, а најголема поддршка во тоа му дава поранешната стриптизерка со српско потекло со кога веќе повеќе години е во врска.

Даниела Рајиќ (29) е поранешна стриптизерка со српски корени која живее во Америка, а пред да успее и дефинитно да го освои срцето на еден од најдобрите НБА кошаркари тие двајца имале бурен однос.

Даниела работела како go-go танчерка, а некои од медиумите во САД тврдат дека била и стриптизерка на Флорида во моментот кога го сретнала Џорџ.

Тие почнале да се гледаат за после неколку месеци да раскинат, но таа забременила и тврдела дека детето е нејзино, а тој го негирал тоа поради тоа што ја тужел на суд и кога се родило девојчето Оливија направен бил ДНК тест.

Наскоро се дознало дека Пол ѝ нудел на Даниела милион долари за да абортира. Изгледало дека крајот на нивната романса дошол, но тие сега повторно се заедно.

По многу преплети, расправии и влечење по судови тие двајца се смириле и почнале да живеат заедно па набрзо се венчале. Во меѓувреме, минатата година ја добиле и втората ќерка Наташа.

View this post on Instagram

DADDYS GIRLS❤️

A post shared by Daniela Rajic (@danielarajic) on

На Даниела американските медиуми ја нарекуваат српската Ким Кардашијан, а не мора да ви објаснуваме и поради што е тоа така.

Таа е горда на своето српско потекло па своите ќерки редовно ги носи во црква во Америка. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг