Некои од вашите омилени грчки летувалишта денес се непрепознатливи: Невремето “Викторија“ и понатаму ја пустоши Грција

Точка

13/11/2019

19:48

8.326

Големина на фонт

а а а

Едно од најсилните невремиња во последните неколку години. Невремето Викторија кое вчера ја зафати Грција направило сериозни штети на некои од омилените летувалишта на туристите.

Викторија моментално ја пустоши Атина, а досега нанела голема штета во Западна Грција и Јонските острови.

Поради обилните дождови дошло до одрони на земјиштето во областа Хање на Крит, а некои од патиштата се целосно уништени.


Викторија својата јачина ја покажала и на Кефалонија каде што неколку куќи, за среќа празни ги затрупала со кал.

Најлошо поминал островот Крф каде што речиси во сите области дошло до поплави, а магистралата покрај крајбрежјето се претворила во река.


Противпожарните служби на Крф примиле 10-на повици поради дрвајта кои ги попречиле патиштата и поплавените домови и продавници.

Викторија на Крф предизвикала и несреќни случаи, а во некои делови имало и попречен сообраќај поради големите бранови. Сите училишта денес во таа област биле затворени. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг