Трамп ќе соработува и со диктатори, доколку инвестираат во САД

Точка

12/11/2019

22:12

1.624

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повтори дека е подготвен да разговара со сите, па дури и со диктатори, доколку тоа може да биде од корист за американската економија, пренесува Си Ен Би Си.

Во говор во Њујорк, Трамп ја пофали „здравата состојба на економијата“, како и својата способност да привлече странски инвестиции.

„Сите се враќаат во САД. Многу е едноставно – сакаат да бидат онаму каде сè се случува. Се среќавам со лидери од целиот свет – со кралици, кралеви, премиери, претседатели и диктатори. Со сите“, рече американскиот претседател.


„Сите сакаат да дојдат. И диктаторите сакаат и тоа е во ред – се' додека е добро за САД, истакна Трамп со насмевка, дополнувајќи дека често неговите соговорници му честитаат на економските резултати.“



Спонзорирани линкови

Маркетинг