KIA ја претстави новата Optima

Точка

12/11/2019

16:15

2.553

Големина на фонт

а а а

Корејскиот производител ги објави фотографиите и техничките детали од моделот К5 како што се нарекува Optima на пазарот во Јужна Кореја.

KIA значително стилски ја унапреди својата лимузина од средна класа. На јавноста најпрвин ѝ беше претставена верзијата К5 која од декември ќе се најде во продажните салони во Јужна Кореја, додека пак Optima на европскиот пазар ќе пристигне во 2020-та година.

Новата генерација на Optima пристигнува со понагласени спортски линии во споредба со својот претходник, а автомобилот исто така и „порасна“ за 50 милиметри во должина (4,905 мм) и за 25 милиметри во ширина (1,860 мм).


Од друга страна, автомобилот е понизок за 22 милиметри во однос на својот претходник.

За поголемиот комфор во патничката кабина придонесува зголемувањето на меѓуосовинското растојание за 45 милиметри, па растојанието помеѓу предните и задните тркала изнесува 2,850 милиметри.


KIA не објави фотографии од внатешноста на својот автомобил, но на цртежите прикажани од претходно откриено е како од прилика ќе изгледа ентериерот на новата Optima.

Што се однесува до погонските единици, од KIA допрва треба да објават детали за агрегатите кои ќе ги добие новата Optima.




Спонзорирани линкови

Маркетинг