Марез распали по Лестер и ја изненади цела јавност: Ја освоив титулата и бев најдобар, а потоа….

Дерби

12/11/2019

08:59

1.321

Големина на фонт

а а а

Ријад Марез беше еден од членовите на „величествената тројка“ која беше најзаслужна за епската титула која ја освои Лестер во Премиер лигата, бидејќи заедно со Џејми Варди и Нголо Канте, беа вистински лидери во незаборавниот поход кој заврши со историски трофеј за „лисиците“.

Алжирецот во 2016-та година беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата и во тие моменти важеше за еден од најбараните играчи во светот, но интересно, ако Канте уште истото лето направи трансфер во Челси, Марез иако беше на излезни врати, на крајот остана на „Кинг Пауер“. По се изгледа, тоа било против негова волја, бидејќи една и пол година по трансферот кој го направи од Лестер во Сити, одлучи да распали по својот поранешен клуб со кој ги доживеа најубавите моменти во кариерата.

– По титулата, ако си заминев во топ тим, ќе ја продолжев истата приказна. Јасно е дека во Лестер загубив две години на највисоко ниво. Загубив цели две години. Наместо да дојдам во Сити со 27, можев на 25 години. Лестер ме блокираше. Ја освоив титулата, а тие ми велеа „нема да си заминеш“. Мојот агент зборуваше и со Венгер кој многу ме сакаше, за малку ќе завршев во Арсенал во 2016-та година. Искрено, бев многу фрустриран, ме исфрустрираа. Не беше лесно да се прифати тоа. Од најдобар играч во Премиер лигата, станав дел од тим кој се бори за опстанок. Тоа не е истата работа, а најлошо беше што сите клубови ме чекаа на аголот, – нагласува Марез во интервјуто за „Франс Фудбал“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг