Сите гледале во нејзиното совршено тело, а потоа впечатокот го расипал нејзиното деформирано лице! Ја молат да престане со пластичните операции!

Точка

11/11/2019

21:15

4.856

Големина на фонт

а а а

Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан (35), се појавила на доделувањето на наградите „People's Choice“, а сите прво забележале дека линијата ја довела до совршенство.

Иако некогаш ја нарекуваа „грдото пајче во семејството“ Кардашијан, таа после разводот од кошаркарот Лејмар Одом, целосно се посветила на својот физички изглед, па почнала редовно да тренира, а неколкупати и “легнала и под нож“.


За тоа дека напорните тренинзи ѝ се исплателе, најдобро го потврдува нејзиното исклесно тело, но многумина се согласиле дека го уништила лицето со многу пластични операции.

Имено, кога вчеравечер се појавила во црн тесен фустан, со проѕирен горен дел, сите останале без здив од самиот поглед на нејзиното совршено тело, но впечатокот го уништил нејзиното лице, за кое многумина искоментирале дека има премногу шминка, но и естетски корекции.


Фановите веќе со месеци ја советуваат Клои да престане со зафатите, бидејќи сè повеќе наликува на нејзината мајка Крис Џенер. Како што коментираат, носот ѝ е сè пократок, а усните и се сè поголеми, но таа се лути и ги негира сите корекции. За тоа дека премногу ѝ пречат коментарите, покажува и фактот дека во еден момент ја исклучи опцијата за коментирање на нејзиниот Инстаграм профил. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг